With big 26:17 victory
Belarus champions have in Skopje once again confirmed position 3 after the
regular part of the season leaving current Macedonian champions without ticket
for League's Final tournament in Veszprem. This was Macedonian team's last
train for Hungary which means that this loss has opened door for Croatian
vice-champions NEXE and their first Final tournament although they still have
to play in Banja Luka against Borac!
Metalurg have opened the game
better, with 4:2 lead but that was it from them. Meshkov have managed to make
huge 6:0 series leaving Macedonians without goal for more than 10 minutes and
deciding the match before the half-time whistle. Less than 15 minutes before
the end Belarus team has reach +9 keeping it until the end.
Željko Babić,
Meshkov’s coach
I want to thank my players
for a good engagement in terms of motivation during the game. We have already
ensured third place in SEHA GSS with this match not meaning much for us. That's
what makes me even happier, that they have despite of thet performed on such a
good level. We now have to prepare well and wait for Final tournament in best
possible physical condition.
Ljubo Vukić,
Meshkov’s player
We are a better team than
Metalurg at this moment and it was clear from the beginning. However, in the
first match in Brest they've proved us that we can not win without 100 percent
commitment. Now we've played better and managed to reach triumph a bit easier.
Lino Červar,
Metalurg’s coach
Today we were shorthanded
playing without Taleski, Neloski and Stojanović which was well visible.
However, SEHA GSS season is obviously over for us and we have to prepare for
domestic challenges waiting for us in about 20 days.
Borjan Madžovski, Metalurg’s player
This was probably our worst
match since this young team is playing together and Meshkov have used it well.
I wish them all the best in Veszprem.
Со победата во Скопје од 26-17 против Металург, белорускиот првак Мешков го потврди третото место на табелата во СЕХА ГСС лигата, решавајќи ги сите дилеми околу учесниците на завршниот турнир на лигата во Веспрем. Металург не го "фати последниот воз", па како шести патник за Веспрем патува Нексе, иако хрватскиот тим треба да одигра уште еден натпревар со Борац.
За актуелниот првак на Македонија, Металург ова е најслабиот пласман во четиригодишната историја на лигата, и втора сезона по ред не успеваат да се пласираат во завршницата.
Мечот со Мешков беше извор на надеж за Металург бидејќи теоретски шансите постоеја да се освои шестото место, а охрабруваше претходниот судир на двете екипи, во Белорусија, кога на Металург за влакно му побегна реми. Овој пат момците на Лино Червар беа добри само во првите 10 минути од натпреварот, до кога имаа 4-2. Потоа следуваше серија од 6-0 на Мешков, Металург не постигна гол цели 10 минути и тоа само значеше почеток на крајот.
До паузата македонскиот тим го запре налетот на гостите и за вториот дел си остави негатива од 9-12. Сепак водството на Белорусите растеше од 18-12 во 40. минута, преку највисоките 22-13 до 50. минута и конечните девет разлика, кои исто така ја отсликаа најголемата разлика меѓу двете екипи.
Жељко Бабиќ, тренер на Мешков
Сакам да им се заблагодарам на моите играчи на добриот ангажман, во смисла на мотивација. Ние веќе го осигуравме третото место во СЕХА, така што овој натпревар нитшо не значеше. Токму затоа им се заблагодарувам на играчите за мотивираниот однос, за одличната физичка пподготвеност и се надевам дека во оптимална физичка состојба ќе го дочекаме фајналсикс
Љубо Вукиќ, играч на Мешков
Ние сме подобра екипа од Металург во овој момент и тоа беше јасно од почеток. Меѓутоа, пред некој ден, во првиот меч во Брест се покажа дека не можеме да ги победиме без 100-процентен ангажман. Сега дадовме повеќе и успеавме да триумфираме. Се надевам Металург што поскоро ќе се извлече од кризата во којашто се наоѓа.
Лино Червар, тренер на Металург
Денеска ние, онакви какви што сме хендикепирани, без Талески, без Нелоски, без Стојановиќ. Но и покрај тоа мораме да работиме, да се подготвиме за почетокот на првенството кој ќе биде наредниот месец. Се надевам дека некако ќе се средиме и ќе извлечеме она што се може до крајот на сезоната
Борјан Маџовски, играч на Металург
Мислам дека, откако е направен овој тим го одигравме најслабиот меч, направивме многу технички грешки. Мешков тоа го искористи и продолжи да ни контрира во второто полувреме. Му посакувам на Мепков успех во Веспрем.