Macedonian champions Metalurg have finally managed to
end bad tradition against NEXE and beat Croatian vice-champions in Skopje 23:21
(11:11). Metalurg have also managed to end their 0-4 series and enter the new
year with important points.
Important for Metalurg was that coach Červar had all
the experienced players in his roster, Naumče Mojsovski, Vančo Dimovski, Dejan
Manaskov, Ace Jonoski as well as brothers Nikola and Velko Markoski. That has
in the end decided the match.
Guest were able to stay close to Metalurg, even finish
the first half with a draw but in the end it was visible that their lack of
experience will cost them today. Mirkulovski played an important role, Vugrinec
scored 8 goals and Misovski had 12 saves, 9 in the second half giving attack a
huge boost of confidence.
Lino Červar - Metalurg’s coach
We were playing with a rejuvenated team today and I
have to say I congratulate all of my players on a good match. They have proved
they wanted to play and win today. There were dome mistakes and we’ll work to
reduce them ahead of upcoming duels. We’ll need patience to create a team which
can play on a high level for 60 minutes. Defence won the game today in my
opinion.
Borjan Madzovski - Metalurg’s
player
Good match for us today. We’ve managed to stick to
coach’s pre-match instructions and win importat points. We’ve had some mistakes
in attack as well as in defence but that is normal. Important is that we’ve
fought through all 60 minutes and as I already mentioned won 3 points.
Zdenko Kordi - Nexe’s coach
We were aware how good team we were going to face
today despite of the fact that it was uncertain which players we’ll face
exactly. I’ve told my players that Metalurg has a good coach, well discipline
and playing system. We were unfortunatelly a bit nervous today and the result
is a loss. However, I have to say there were moments when we were playing as I
wanted, organized handball with all players working together, as a team.
Perica Lelić - Nexe’s player
Some parts of our game were good, like defence, and
some were not. This was a match with not so many goals and when you have too
many technical mistakes in such a match you end up losing it. Well deserved win
for Metalurg in the end.
Македонскиот
првак Металург конечно ја прекина лошата традиција и го победи Нексе во Скопје,
со 23-21 (11-11) во натпревар од 8 коло на СЕХА лигата. Ова е прва победа за
Металург по четири порази во серија, и прв триумф над Нексе во Скопје.
На претходните
три натпревари во Скопје, хрватскиот тим секогаш успеваше да освои барем бод, а
еднаш и победи. Овојпат Линo Червар реши да им даде шанса на младите играчи, и
да не го користи искусните, вклучувајќи го и капитенот Наумче Мојсовски, и
Ванцо Димовски, Дејан Манасков, Ацо Јоноски и браќата Никола и Велко Маркоски.
Гостите од
Хрватска резултатски се држеа само во првото полувреме. Недостатокот на
искуство беше клучно за поразот на Нексе, а тие не ги искористија и шансите што
им се укажаа за лесни голови во првото полувреме. Добриот старт и водството од
5-2 во првите 10 минути на Нексе, беше сигнал за Лино Червар да го внесе во
игра Филип Миркуловски, и работите си дојдоа на место.
Почнувајќи од
второто полувреме, Металург "притисна посилно", и откако направија разлика од
2-3 гола не му дозволија на противникот да се врати во игра. Голманот Петар
Мисовски беше еден од клучните личности во тој дел, со девет (од вкупно 12
одбрани) и два седмерци, давајќи го голем потстрек на нападот.
Лино Червар - тренер на Металург
Ние игравме со
една подмладена екипа, и им честитам за играта. Сакаа да играат. Имаше и
грешки, и треба да се работи, имаме многу уште работа. Ќе ни треба трпение и
работа, да создадеме една екипа, која може да игра како што секогаш сакаме да
играме. Имавме и добри моменти, победивме со одбраната. Секогаш може подобро.
Борјан Маџовски
- играч на Металург
Денеска
одигравме добар натпревар. Ги слушавме советите на тренерот, игравме
дисциплинирано. Имавме грешки во напад и одбрана, што е нормално. Но, се
боревме во текот на целиот меч.
Зденко Корди -
тренер на Нексе
Му честитам на
Металург за победата. До денеска слушав приказни со кој состав ќе игра
Металург, и тоа како ќе изгледа. Слушавме дека ќе игра овој, оној нема да игра.
Тоа им го зборував на играчите, дека без разлика кој ќе игра тоа е екипа која
има свој тренер, начин на игра и дисциплина. Тоа остави трага на нашата игра,
не го намалува успехот. Ние бевме нервозни. Кога игравме колективно и организирано,
личи на она што јас го сакам.
Перица Лелиќ
- играч на Нексе
На моменти
игравме добро, коректно игравме во одбрана. Малку голови примивме. Имавме
проблеми во нападот. Имавме технички проблеми, а Металург заслужено победи, и
ги искористија нашите грешки.