Current Macedonian champions
Metalurg have a tough match ahead of them. On Sunday, 19.00 CET they will host
one of the best European teams MKB-MVM Veszprem and try to surpsire favorized
guests in their last home match of the year. In their first clash of the season
Hungarians were better with 33:21 and it seems this match ill not be much more
different. Macedonians still have many problems with injuries and roster in
general so what is left for them are desire, motiavation and home-court boost.
Metalurg are sixth with 11
points, Veszprem first with remarkable 10 wins from 10 matches. After a
convincing victory in Prešov their goal surely is to continue the winning
streak.
Lino Červar,
Metalurg’s coach:
Veszprem are coming to Skopje
in a really bad moment for us but we're definitelly looking forward to playing
this match. After it my players will have time to rest and prepare for national
team duties and that is why I wish we get through this match without injuries.
Neloski, Jonoski and Mojsovski will probably not play due to their injuries
which means I don't have much choices for tomorrow but we have what we have.
Youngsters will surely be given a bigger chance against Veszprem, it is great
for them to play such matches. Speaking about Veszprem, we respect them, they
are one of the best European teams and we've already felt their strenght this
season...
Filip Taleski,
Metalurg’s player:
Veszprem are one of the
strongest teams in Europe with one of the best defenses. We have troubles with
injured players, but we will on Sunday try to gather our strength and with help
of great crowd maybe even surprise our guests.
Carlos Ortega,
MKB-MVM Veszprém’s coach:
Metalurg have a quite new
team after their problematic period when they've lost some players but they are
always dangerous at home and they still have some good players. We have a lot
of respect for them. We know playing in Skopje is never easy but we will try to
get three points. Our team is getting tired. This first half of the season was
long with a lot of matches and trainings but we want to finish these last two
matches with victory and after that everybody can have a rest.
Máté Lékai,
MKB-MVM Veszprém’s playmaker:
Although we know Metalurg
have had problems recently we expect difficult game this weekend. А lot of their fans will visit the match and
the teams from Skopje are always dangerous when they have the support by their
spectators on home court. I guess our team is tired a little bit in the end of
this year but we wouldn’t like to lose any points in the remaining matches so
we want to win on Sunday. I'd like to state that I'm happy that after my injury
I'll be able to help my team in these last matches.
Металург ќе се обиде да избегне лош крај на 2014 пред своите гледачи
На Металург ќе му биде тешко в недела во 19 часот да ја заврши победнички 2014 години во последниот натпревар пред своите гледачи, против Веспрем. По болниот пораз од градскиот ривал Вардар, македонскиот шампион нема што повеќе да понуди против уште посилниот противник кој доаѓа. Веспрем веќе го совлада Металург со 33-21 во нивниот прв меч оваа сезона во СЕХА, така што тренерот Лино Червар вели дека нема многу начини и оваа средба да се направи поинаква. Сѐ уште имаат проблеми со повредите, па она штo останува е нивната желба, мотивација и бескомпромисна борба на теренот.
Металург има 11 бода на 6. Место на табелата, а Веспрем сѐ уште не направил грешка победувајќи 10 од 10. По убедливиот триумф против Татран, нема да сакаат да ја уништат перфекнтата серија ниту во Скопје.
Лино Червар, тренер на Металург:
Веспрем ни доаѓа во незгоден час, но сите гледаме да го одработиме овој меч и момците заслужено да се одморат и да се посветат на репрезентацијата. Дај боже сите да останат здрави, макар што веќе имаме повреди, Нелоски е надвор, Јоновски е повреден, Мојсовски се мачи со скршениот нос, јас се обидов да го поштедам малку во второ полувреме со Вардар. Немаме многу избор, повторно ќе ги вклучиме помладите и колку можеме ќе се спротивставиме. Тука се и постарите кои се жртвуваат, но сепак немаме ширина. Веќе игравме со нив и ја видовме целата нивна сила. Досега речиси сите противници ги добија глатко. Тоа е една силна одбранбена екипа, имаат многу странци, ракометари на секоја позиција и за сите елементи, специјализирани дефанзивици, имаат ирачи кои трчаат контра, одлични напаѓачи, така што потполнети се на сите места. Ние нашите недостатоци ќе ги надополниме со борбеност и ќе се обидеме да одиграме колку што можеме и сега и против Раднички во Крагуевац.
Филип Талески, играч на Металург:
Веспрем е една од најсилните екипи во Европа со една од најцврстата одбрани. Ние имаме проблеми со повредени играчи, но в недела ќе се обидеме да собереме сили и да се спротивставиме колку што можеме, со помош на публиката како наш осми играч да се израдуваме на уште една победа.
Карлос Ортега, тренер на Веспрем:
Металуерг релативно нова екипа по нивниот проблематичен период, откако загубија неколку играчи, меѓутоа тие секогаш се опасни на домашен терен и сѐ уште имаат добри ракометари. Затоа многу ги почитуваме. Знаеме дека играњето во Скопје никогаш не е лесно, но ќе се обидеме да ги освоиме трите поени. Нашата екипа полека се уморува. Првиот дел од сезоната беше долг со многу натпревари и тренинзи, но сакаме и во овие два последни меча да оствариме победи и потоа сите мирно да одмораме.
Мате Лекаи, играч на Веспрем:
И покрај тоа што знаеме дека Металург имаше проблеми неодамна, очекуваме тежок натпревар викендов. Многу навивачи ќе дојдат да го следат мечот, а екипите од Скопје секогаш се опасни кога ја имаат поддршката од гледачите на домашен терен. Нашиот тим е малку уморен на крајот од оваа година, но не би сакале да загубиме поени во преостанатите натпревари, така што сакаме победа во недела. За мене лично, драго ми е што по повредата можев целосно да му помогнам на мојот тим во последниве мечеви.