Macedonian derby
of SEHA GSS League always draws attention and that is going to happen once
again tomorrow, 20.15 CET in Boris Trajkovski sports hall despite of all
injuries both teams are dealing with.
Vardar will play
without their Croats - Blaženko Lacković and Igor Karačić while their rivals
Metalurg are waiting for the duel without Ace Jonovski, Marko Neloski and
probably Renato Vugrinec. Vardar have already managed to win the first
Macedonian derby of SEHA GSS League this season with 27:21 and are having a
good season which has so far brought them third place with 21 point from 9
matches and their city rivals are sixth with ten points less. While Vardar are
still playing an important role in EHF’s CL Metalurg are already out of the
competition with their focus turned fully towards SEHA GSS League
Lino Červar, Metalurg’s coach:
We have three
tough matches waiting for us in the upcoming period after a lot of hard matches
in CL and with a bad situation in our club on our back. We also have a lot of
problems with injuries which gives Vardar a big favorite role. This used to be
biggest derby of Balkan but things have changed slightly now.
Goce Georgievski, Metalurg’s player:
We will surely play best we
can, matches against Vardar are always a huge motivation for us. Vardar are
favorites at the moment, they are in much better situation, we have problems
especially after a rough match against Meshkov on Sunday but we will fight
until the end.
Raul Gonzalez, Vardar’s
coach:
This match is important for
us because we want to continue our winning streak. This is the Macedonian
derby, which always gives top handball and narrow games. Metalurg are always a speciall opponent for Vardar. They are a
bit weakened but I'm sure this will be a tough match for us.
Nemanja Pribak, Vardar’s
player:
This game is coming after some tough CL match but that doesn't mean it
won't be attractive. This is, after all, Macedonian derby! We will go for a
victory and I hope we'll be able to celebrate with our fans in the end.
Metalurg are a good team despite of all problems they're currently experiencing
and I expect a thriller, narrow match.
Македонското дерби во СЕХА-лигата
секогаш привлекува големо внимание, а сигурно така ќе биде и утревечер од 20:15
часот во арената "Борис Трајковски" и покрај проблемите кои ги имаат двете
екипи, по исцрпувачката сезона во Лигата на шампионите.
Вардар ги загуби Блаженко Лацковиќ и
Игор Караичќ поради повреди, а во Металург Аце Јоновски и Марко Нелоски ќе го
прескокнат овој меч, додека Ренато Вугринец сѐ уште е несигурен. Вардар веќе
победи во првото дерби во Скопје, со 27-21 во 1. коло, а после тоа имаше
пристојна сезона во СЕХА-лигата, држејќи ја удобно третата позиција на табелата
по девет одиграни меча со 21 поен. Металург пропушти и одложи неколку
натпревари, така што се наоѓа на шестото место со 11 бода, но од седум одиграни
меча. Додека Вардар има светла иднина во ЛШ оваа сезона, Металург ги загуби
шансите за пласман во нокаут-фазаата, така што СЕХА ќе му биде приоритет, барем
некое време, додека да почнат обврските во домашното првенство.
Лино
Червар, тренер на Металург:
Утре играме со Вардар, в недела против
Веспрем, потоа одиме во Крагуевац. Можам да кажам дека овие натпревари не ни
доаѓаат баш добро по напорите во ЛШ и со оглед на ситуацијата која ја имаме во
клубот веќе некое време. Имаме и проблеми со повреди. Нема да игра Јоновски,
Марко Нелоски исто така се повреди, а Вугринец утрово исто така не тренираше,
но ќе видиме за него на вечерашниот тренинг. Ова некогаш беше најголемото дерби
на Балканот, а сега работите се сменија. Вардар е во добра положба со шанси
добар резултат во ЛШ и му посакувам сѐ најдобро затоа што го почитувам. Знам
дека и тие имаат повредени играчи, Лацковиќ не игра, слушам дека и Карачиќ
паузира, но и ние имаме проблеми и ќе видиме со кој состав ќе го одиграме овој
меч.
Гоце
Георгиевски, играч на Металург:
Од името на играчите можам да ветам една
максимално борбена и дисциплинирана игра. Сите знаеме што значат натпреварите
со Вардар, па макар биле и пријателски. Секогаш има борба, притисок, жар и знам
дека нѐ очекува тежок меч. Вардар е во подобра ситуација од нас, можам да кажам
дека се фаворити. Ние сме малку редуцирани со составот, знаете каков натпревар
имавме во саботата со Брест, малку погруб од обично, но ќе се бориме
максимално.
Раул Гонзалес, тренер на
Вардар:
Натпреварот е важен за нас
за да продолжиме со победничката серија. Ова е македонско дерби, во кое секогаш
гледаме врвен и неизвесен ракомет. Металург е секогаш силен противник за
вардар. Ослабени се со заминувањето на неколку ракометари, но мислам дека во
ваквите дуели е пресудна желбата за позитивен резултат.
Немања Прибак, играч на
Вардар:
Овој натпревар доаѓа во сенка на дуелите од
лигата на шампионите, но тоа не значи дека нема да биде интересен. Напротив,
македонското дерби секогаш е највозбудливиот натпревар тука. Ние како и на
секој друг меч ќе одиме на победа и утре, па се надевам дека ќе им овозможиме
на навивачите нови моменти за славење. Мислам дека иако е ослабен, Металург е
квалитетна екипа, а тоа го докажа во натпреварите од Лигата на шампионите. Таму
повеќе немаат шанса, па сигурно ќе се ангажираат повеќе за СЕХА-лигата.
Очекувам уште еден неизвесен натпревар.