Metalurg needed
only eight minutes to decide about the outcome of the match against Serbian
vice champions. Hosts from Skopje were in the end better than Radnički
Kragujevac with huge 35:22 (20:11). Difference in quality was too obvious
through the whole match.
The team from
Kragujevac seemed like they knew they do not have any chance against clearly
favorized hosts although they were playing without many of their important
players like Stanić, Vugrinec, Dimovski, Jonovski or Borozan.
After Manaskov's
goal in the beginning of the second half for 22:11, coach Červar has decided to
give chance to younger players.
Metalurg will in
the next round play against Veszprem and it will be thir final 'training'
before challenges in EHF's CL.
Lino Červar, Metalurg’s coach
- My players
have showed one great performance today, they've really enjoyed the game. I am
glad that fans were to support us and I am also happy because many of our
younger players have showed they can play on the highest level. We must now
prepare and travel to Veszprem.
Dejan
Manaskov, Metalurg’s player
- We have today
completely outplayed our rivals. Our 5-1 defense was almost perfect. We now
have to prepare for Veszprem. That match will, I believe, be the best proof of
our current shape.
Nedeljko
Vučkovic, Radnički’s coach
- This is for us
a different dimension of handball, we were here today to learn. You really have
great handball clubs like Metalurg and Vardar and I have to say it is great to
see such handball. We are of course not satisfied with the result but this is
reality.
Dušan Petrović, Radnički’s player
- I can't say much about this match. We've had too many technical
mistakes, missed too much clear goal chances. It is fair to say that we can't
play such a good team like Metalurg. We have to look for points against teams
on our level.
На Металург му
требаа осум минути да го разреши дилемите околу победникот на дуелот од СЕХА
лигата со Раднички, зашто не само што беше очигледна разликата во квалитетот,
домаќините беа и помотивирани да триумфираат. Победата од 35-22 (20-11) воопшто
не беше доведена во прашање, и неизвесно беше само со колкава разлика ќе се
врати дома Раднички.
Тимот од
Крагуевац изгледаше како да е дојден за рутински да го одигра натпреварот,
знаејќи дека нема што да бара во Скопје. Дури и покрај фактот што во тимот на
македонскиот првак ги нема Дарко Станиќ, Ренато Вугринец, Ванчо Димовски, Ацо
Јоноски и Вуко Борозан.
"Десетката" беше
раситнета на почетокот од второто полувреме кога Манасков со два гола по ред му
донесе на Металург водство од 22-11. Потоа се беше лесно, сите акции, и
остануваше само докажувањето. Сите добија шанса, и млади и стари, без многу форсирање.
Секој гледаше тоа да го искористи. Дарко Ѓукиќ во 50 минута ја најави
катастрофата на гостите кога зголеми на 30-16, по што на тренерот на Раднички,
Брзо Лино Червар
им даде шанса на "младите", оние што ги најавуваше. Прв влезе Нелоски, потоа Талески,
и на крај и Пешевски. Само Нелоски ја немаше почувствувано СЕХА лигата, а
другите двајца и лани играа во регионалното натпреварување.
За Металург
следува едно тешко гостување на 20 септември кај Веспрем, што ќе биде
последната проверка пред настапот во Лигата на шампионите.
Лино Червар - тренер на Металург
Морам да ги
пофалам играчите, без разлика на резултатот. Уживаа во играта. Драго ми е дека
публиката е тука. Младите се однесуваа како искусни, иако уште доста треба да
учат. Ова не значи дека постојано ќе се победува, но ќе има и порази.
Мораме понатаму,
одиме во Веспрем, ќе има тоа добар предизвик. Ќе продолжиме тврдоглаво по оној
пат за кој сметаме дека е најдобар
Дејан Манасков -
играч на Металург
Денеска го
надигравме ривалот. Одбраната 5-1 функционираше беспрекорно. Успеваме да
победиме заслужено. Сега не очекува Веспрем, како вистински тест за она до каде
сме со формата.
Недељко Вучковиќ
- тренер на Раднички
Ние дојдовме да
учиме, а некогаш Македонците учеа од нашите играчи. Ова е за некоја друга
димензија и полни сме со впечатоци. Оваква филозофија на ракомет е голема
работа. Имате среќа што Металург и Вардар тоа го прават. Ние не сме задоволни,
загубивме со 12-13 гола. Можеше и повисока да биде таа разлика, но и помала.
Душан Петровиќ -
играч на Металург
Нема многу што
да се зборува за мечот. Имавме многу технички грешки во напад и дозволивме
многу лесни голови. Ни останува да бараме бодови од екипи кои се на наш ранг.