Veszprem celebrate harder than expected against Metalurg
Веспрем тешко до триумф против Металург
11.09.2016.
•
SEHA GAZPROM LEAGUE
Reigning SEHA Gazprom champions Telekom Veszprem have, with maximum effort managed to beat Metalurg and win points with 23:20 (14:10) victory.
Coach Sabate’s decision for this match was to play with only one goalie - Roland Mikler and give a chance to Gabor Ancsin along with Dragan Gajic leaving Marko Kopljar in the stands. Only a day after a tough loss against Vardar Hungarians have once again deliverd poor performance, without imagination in attack and too slow in defense.
Key period for the victory were last seven minutes of the second half with Veszprem managing to create 6:2 series and take over to 14:10. Metalurg were unable to catch them although they have managed to reduce the gap to only 2. However, hosts’ poor 10 minutes in the middle of the second half have given Hungarians a chance to secure the lead and cruise towards a new victory.
Darko Arsic was once again motivated between bars for Metalurg with 12 saves, Roland Mikler had 13 on the other side.
New chance for Metalurg to reach first points of the season will be the game versus Tatran on Wednesday in Skopje. Telekom Veszprem will on September 18th travel to Belarus to meet Meshkov.
Lino Cervar, Metalurg’s coach:
We’ve played competitive 25 minutes against Veszprem. In the second half we were not good in attack committing too many technical mistakes. In general, I can be satisfied with our todays’ performance against Telekom Veszprem.
Marko Neloski, Metalurg’s player:
Good game for us today but Veszprem was too strong today. In the first half we were close but in the second we’ve made too many mistakes. We need to train and go forward and I believe we’ll get better and better.
Javier Sabate, Telekom Veszprem’s coach:
Congratulations to Metalurg on a great match. We have a good team and a good goalkeeper Mikler. We’ve played excellent in attack in the first half and in the second we were very tired because this was our fourth match this week. We’ve known it won’t be easy, we have a lot of players and we should not make any excuses. We must continue to work hard and improve. I believe in my team.
Gabor Anscin, Telekom Veszprem’s player:
I would like also to congratulate Metalurg. This game was very hard for us because this was our fourth this week and by that Metalurg was really good in defense today. We’ve had good solution in this match and I think that we will play better by the end of the season. We have to improve and be positive.
Актуелниот првак на СЕХА Газпром лигата, унгарски Телеком Веспрем мораше да се испоти добро за да ги освои бодовите на дуелот со Металург во Скопје, победувајќи со 23-20 (14-10). Тренерот Хавиер Сабате во однос на претходниот дуел со Вардар сега реши да игра со еден голман, Роланд Миклер а шанса добија и Анчин и Гајиќ. На трибините остана и Марко Копљар. Само еден ден по поразот од Вардар, ракометарите на Телеком Веспрем не покажаа дека ја научиле лекцијата, па и во дуелот со Металург делуваа слабо и без идеја, на моменти во нападот и особено во одбраната. Клучен период на натпреварот беа последните седум минути од натпреварот кога Телеком Веспрем направи серија од 6-2 и имаше водство од 14-10. Таа разлика потоа Металург не можеше да ја стигне, иако на почетокот на второто полувреме успеа да намали на 14-16. Металург имаше лош период од 10 минути (од 44 до 54 минута) кога не успеа да реализира ниту една акција, а Телеком Веспрем си ја задржа предноста од "плус 4" за мирна завршница на натпреварот . Го имаше Металург расположениот голман Дарко Арсиќ кој од вкупно 12 одбрани, седум ги имаше во првото полувреме. Но, ниту Роланд Миклер не заостануваше, па и тој им помогна на своите соиграчи, со вкупно 13 одбрани. Металург својата нова шанса да ги освои првите бодови сезонава ќе ги бара на средбата со Татран Прешов закажана за во среда во Скопје. Телеком Веспрем на 18 септември му гостува на Мешков во Белорусија.
Лино Червар - тренер на Металург Игравме изедначено 25 минути против силната екипа на Веспрем. Во второто полувреме игравме лошо во нападот. Лесно продававме топки и направивме многу грешки. Драго ми е сепак што вкупно земено пруживме силен отпор на една силна екипа како што е Веспрем.
Марко Нелоски - играч на Металург Одигравме добар меч, но Веспрем е пресилна екипа. Едно полувреме игравме рамноправно, а во второто продававме лесни топки и имавме многу избрзани шутеви. Треба да се тренира и да се оди напред, мислам дека ќе напредуваме како ќе одминува сезоната.
Хавиер Сабате - тренер на Телеком Веспрем Честитки до Металург за одличниот меч. Ние имаме добра екипа, и добар голман во Микел. Игравме одлично во нападот во првото полувреме, а во второто полувреме дојде до израз заморот што не следи поради четирите натпревари што ги одигравме во една седмица. Сепак нема оправдување затоа што имаме голем фонд на играчи, мора да се подобриме во нападот. Им верувам 200% на сите мои играчи и знам дека како ќе одминува сезоната ќе играме со подобро, ако работиме напорно.
Габор Анчин - играч на Телеком Веспрем
Ова беше тежок натпревар за нас, поради бројот на натпревари во краток период, но и поради одличната игра на екипата на Металург, особено во одбраната. Имавме неколку добри решенија на овој натпревар и мислам дека до крајот на сезоната ќе играме уште подобро. Мора да имаме позитивен став и да работиме напорно на тренинзите.